Пред новиот циклус на квалификации од Лигата на Нации селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски реши да го провери своето здравје и срцева кондиција во новоотворената приватна клиника ВФВ, правејќи стрес тест со HyperQ технологија. Како што и самиот изјави, воодушевен е од новата методологија за тестирање и дијагностика на корoнонарни заболувања која што не ја сретнал досега и која одлично го детектира срцевото здравје и состојба.
Истовремено апелираше сите лица кои без разлика дали рекреативно или професионално се бават со спорт пред започнување на било која физичка активност да се тестираат со HyperQ стрес тестот кој во моментот единствено е достапен конечно и кај нас во ВФВ клиник.
За разлика од останатите стрес тестови HyperQ дава за 90% поголема точност на резултати и дијагностика и е најсофистициран начин за превенција на срцеви заболувања.
Нормално, како што изјавија од клиниката резултатите на нашиот селектор се одлични како што и треба да бидат за секој спортист.