Пописот кој треба да се спроведе во април оваа година и тоа по 20 години, предизвика многу реакции, пред се политички. Но, има и такви реакции внатре во самиот Државен завод за статистика. Илми Селами, заменик директор на ДЗС го демантира директорот Апостол Симовски. Тој во изјава за ТВ21 вели дека е грешка изјавата на Симовски дека ако не е присутен во државата при пописот, нема да можат иселениците да ја попишат својата етничка и верска припадност.

Ова Симовски го соопшти на онлајн презентацијата на методологијата, но неговиот заменик Селами го демантира.

Не знам што сакал да каже директорот и најдобро е него да го прашате. Но, знам дека тоа што го кажа е грешка. Како прво, такво нешто не е предвидено ни со закон, ни со методологијата. Законската одредба е општа и вели дека ќе даде податоци коишто се однесуваат на лицата коишто се надвор од земјава – вели Селами.

Повеќе на ТВ21.