Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, од митингот во Арачиново, го обвини премиерот Зоран Заев, дека конечно докажал дека не ги третира подеднакво сите граѓани, туку ги штити само своите партиски функционери. Коментирајќи ја одлуката да не се прифатат оставките на министерот и заменик -министерот за здравство, Села рече дека Заев сака вината за трагедијата во Тетово да ја префрли на медицинскиот персонал и да го спаси својот министер. Покрај тоа, првиот човек на АА, наведе пет причини за кои рече дека одговорноста треба да ја преземат Владата, Општина Тетово и дирекцијата на болницата.
„Па, за него Филипче е поважен од утехата што треба да ја имаат семејствата на 14 -те жртви живи запалени, а тој излегува и ни кажува денес дека ниту министерот за здравство, ниту заменик -министерот, ниту директорот ниту градоначалничката на Општина Тетово, имаат каква било одговорност. И знаете каде ќе бара одговорноста овој валкан човек. Ќе се обидува да бара кај оние што со месо и душа се обидуваат да им помогнат на пациентите, на медицинскиот персонал во Тетово кои немаат никаква вина. Има многу елементи за кои обвинителството треба да постапува до денес. Прво, 11 -годишен директор кој е вршител на должноста. Второ, градонаќалничката која нема направено техничко прифаќање на болницата, и се уште не дале дозвола за објектот, додека според законот за секој објект на територијата на општината дава дозвола општината. Трето, недостатоци на преградни sидови на објектите што би го спречиле ширењето на огнот. Четврто, недостаток на апарати за гаснење на пожарот и денес тие луѓе би биле спасени“, рече Села.
Петтата причина, според Зиадин Села, е присуството на роднини на пациентите во просториите на модуларниот центар, што дојде како резултат на недостаток на медицински персонал. Тој додаде дека ова е директна одговорност на премиерот Зоран Заев. Лидерот на албанската опозиција вети дека за палењето на 14 граѓани во Тетово ќе има одговорност и покрај, како што рече, обидот да се сокрие вистината.