Експремиерот Зоран Заев прв газеше врз мојата крв, па тоа што сме опозиција е негова одлука, изјави лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, алудирајќи на настаните од 27 април 2017 година.
-Одлуката на Алијанса за Албанците и на ВМРО-ДПМНЕ да бидат опозиција всушност беше одлука на самиот Заев, односно на човекот кој прв ја згазна мојата крв – истакна Села во емисијата „Вин-вин“ на Телма
Претседателот на партијата Алијанска на Албанците истакна дека не сака по секоја цена да биде претседател на партијата, туку сака да го чуе мислењето на членството
-Не планирам доживотно да бидам претседател на партијата. И во статутот на партијата стои дека претседател може да се биде само два мандати, после тоа си заминуваш, рече Села.
Села во емисијата го повтори и противењето на неговата партија на укинувањето на ткн. Пржинска влада, истакнувајќи дека таа не си ја извршила функцијата, за да може да биде укината.