Коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива ќе го блокираат секој закон што ќе влезе во Собрание. Ова од прес центарот во Собрание го изјавија лидерите на двете партии, Зијадин Села и Африм Гаши. Ова следи откако во Собранието, како што велат, беше блокиран законот за државјанство кој беше предложен од овие две партии како коалиција. Тие обвинуваат дека СДСМ не го прифаќа законот, а ВМРО-ДПМНЕ со поднесување на амандмани го блокирале носењето на законот.
-Од овој момент најавуваме дека ќе го блокираме секој предлог закон што ќе влезе во Собрание, рече Села.
-Ние ќе блокираме каков било закон затоа што сметаме дека ниеден друг закон не е поважен од овој закон, рече Гаши.