-Оваа коалиција има за цел… Наметната коалиција…. Со оваа коалиција…

Првиот човек на Алијанса за Албанците, Зијадин Села соработката меѓу АА-ААА и ВМРО-ДПМНЕ, ја нарече коалиција, но кога беше прашан поконкретно, рече дека коалиција има само со Алтернатива. Додава дека со опозициската ВМРО-ДПМНЕ имаат договор за меѓусебна поддршка само за локалните избори.

-Јас коалиција имам со Алтернатива , тоа е АА-ААА, затоа имаме заеднички кандидати и заеднички листи.
-Со ВМРО-ДПМНЕ?
-Тука имаме договор за заедничка поддршка во одредени општини.
-Во првиот и вториот круг?
-Во првиот круг. Од овој договор се исклучени општините Кичево и Брвеница каде и ние имаме кандидати, исклучок е и општина Куманово.

Исто и Мицкоски зборувајќи за опозициската соработка, го употреби изразот „ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата АА-ААА“ како и „ќе се поддржиме едни со други“.

Во синоќешната емисија „Клик Плус“ на ТВ 21 каде гостуваше лидерот на АА, Зијадин Села, се зборуваше и за случајот „27 април“ при што Села рече дека оваа соработка не подразбира дека го заборавил случајот, иако простил.

-Има една изрека која вели, прости но не заборавај никогаш. Граѓаните и оние кои секојдневно ги земаат куферите и си одат за Германија, од мене очекуваат измени. И ништо не е компромис што јас треба да го направам со самиот себе, вистина е дека јас треба да направам компромис со самиот себе, во споредба со болката која ја предизвикува кога младите му го вртат грбот на домот и си заминуваат-рече Села.

На прашањето – зошто не се здружил со Заев, туку со Мицкоски, Села рече дека бил многу разочаран од Заев поради апсењето на Фета Алими, лицето кое му го спаси животот крвавата ноќ на 27 април.