Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села во гостувањето во емисијата Утрински Брифинг изјави дека е против идејата за прекинување на пописот. Како што вели тој, доколку и овој попис биде прекинат, тогаш можеме да се доведеме во ситуација уште 10 години да не се преброиме. Попис на една држава и е потребен вели Села, бидејќи мора да се планираат буџетите и сите стратешки одлуки.
-Има една изрека која вели – што се случува еднаш може и да не се повтори, што се случува два пати ќе се случува и понатаму. Сега 20 години нема попис, и ако и овој се прекине, мислам дека ќе дојде време кога ќе речеме 30 години нема попис, а тоа ствара големи проблеми од секој план, политички, економски. Да не знаеш колку ти е населението кое живее во Северна Македонија, а секоја година да планираш буџети, мислам дека тоа би им било во полза на олигарсите, а не на граѓаните, изјави во Утрински брифинг, лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села.
Говорејќи за фингерпринт на изборите, Села вели дека е тоа е добра и потребна работа.
-Во процедура сме да го заштитиме правото на граѓаните да се определат и да гласаат, да не се манипулира и краде нивниот глас и суверенитет.Од завршувањето на последните парламентарни избори имаме кривични пријави, а над 100 гласачки места, а до ден денес немам одговори од одредени обвинителства. Наша целта е еднаш засекогаш да се спречи злоупотребата. Фингерпринтот е еден начин да се стави крај на ова, ние го поддржуваме, вели тој.
За евентуална одлука за бојкот на изборите, Села смета дека треба да се седне, да се разговара и вели дека стратешки тоа може да оди во прилог само на ДУИ и на никој друг.