Вистински бум предизвика информацијата дека се снима продолжение на „Сексот и градот“, а обожавателите во светот со нетрпение чекаат да видат како ќе изгледа новото поглавје во животите на Кери, Миранда и Шарлот.

На големо жалење за многумина, меѓу нив нема да биде четвртата актерка од поставата, Саманта Џоунс, за која повеќето тврдат дека премногу ќе недостасува и дека серијата без неа, нема да биде иста.

Додека фановите се прашуваат како ќе биде објаснето отсуството на Саманта во „And Just Like That“, директорката на сетот Кејси Блојс истакна дека е извесно дека Саманта едноставно ќе се одалечи од своите пријателки и ќе почувствува дека нивното пријателство избеледело.

Фото: Профимедиа

„Како и во реалниот живот, луѓето влегуваат во нашите животи и заминуваат. Пријателствата бледеат, а новите пријателства започнуваат. Мислам дека сето тоа ги покажува фазите на животот во реалноста. Сакаме да ја раскажеме вистинската приказна за тоа како е да се биде жена на педесет години Њујорк. Пријателите кои ги имате на триесет, можеби веќе ќе ги немате на педесет години“, раскажа Бојлс.

Фото: Профимедиа

Сара Џесика Паркер изјави дека ќе и недостасува Саманта и дека секогаш ја сакале, и дека повеќе не е дел од таа приказна, но дека секогаш ќе биде дел од нив.

Многумина се прашуваат и за судбината на Ѕверката, бидејќи уште од пред неколку години се наведуваше дека неговиот лик ќе биде убиен во третото продолжение, но Крис Нот тврди дека тоа е лага. Кога ја запрашаа Сара Џесика Паркер дали ќе биде повторно со Ѕверката таа мистериозно напиша: Почекајте и ќе видите.

Profimedia