Девојка по име Сузи на ТикТок раскажа што ѝ се случувало во последниве две недели, пред да открие зошто секое утро се  буди ‘мртва‘ уморна.

„Утрото ми стана најлош дел од денот, бидејќи се чувствував како некој да ме тепал. Ништо не  ми беше јасн. Не сум се нервирала вчера, не сум спиела под стрес. Немав  пиено таблети. Затоа морав  да купам ноќна камера и да ја поставам за да видам за што се работи“- напишала Сузи.
Кога ја поставила камерата таа била исплашена.
„Се плашев дека ќе откријам дека сум почнала да месечарам, или правам некакви глупости во сон, кои ме исцрпуваат“ – додава таа.
Кога ја погледнала  снимката од  камерата, таа се шокирала.

„На снимката во мракот светеа  две  очи. Снимката беше страшна, а во исто време и смешна, бидејќи веднаш сфатив дека се работи за мојот мачор Џинџер, кој во тек на ноќта ме постојано ме удираше по глава кога ќе чуеше дека ‘рчам. Не знам д али и нему сум почнала да му пречам додека спие или само барал внимание, но на снимката се гледа дека во периодот од полноќ до 4 часот наутро постојано ме мава по глава. Бидејќи цврсто спијам, веројатно сум се будела на секунда и сум го туркала од себе, па сум продолжувала да спијам. Тој порано никогаш не спиел до мене туку во свој дел на собата. Ова е нов момент за нас двајца“ – напиша Сузи.
Снимката е прегледана над 300.000 пати и заработи многу лајкови. Еден коментар малку ја замислил бидејќи еден човек ја прашал дали можеби страда од апнеја бидејќи мачките понекогаш внимаваат на сопственикот ако се загрижени за него.
„Одлично прашање. Навистина почнав да ‘рчам повеќе во последно време. Ќе морам да проверам дали е тоа“ – додаде Сузи.

@susieandmollie

I will NOT be locking him out my bedroom #nightmare #cat #pet #nightvision #sleep #cattok #nosleep #ginger #gingercat #gingercatsoftiktok #claws

♬ Ice Dance (From “Edward Scissorhands”) – Ashton Gleckman