Студија спроведена на 23.000 луѓе, претежно од САД, открила дека на еден од тројца преживеани пациенти со сериозна клиничка слика предизвикана од коронавирусот имале дијагностицирано невролошко или психијатриско нарушување шест месеци по третманот.
Ова упатува на заклучок дека бран на невролошки и психијатриски пациенти може да се очекува како последица на пандемијата, според стручното списание „The Lancet Psychiatry“.
Од 14-те психијатриски нарушувања, анксиозноста и депресијата се најчести кај преживеаните пациенти со тешка клиничка слика на ковид – 19, иако на научниците не им е јасно како овие нарушувања се поврзани со вирусот, пренесува Ројтерс.
Студијата не утврди кои биолошки или психолошки механизми се предизвикувач на овие нарушувања, но беше заклучено дека е потребно да се иницира ново истражување за да се утврди што ги предизвикува овие феномени, како да ги спречи или како да се третираат медицински.
Врз основа на анализата на медицинските записи, откриено е дека повеќе од 236 илјади луѓе биле дијагностицирани со некаков невролошки или психијатриски проблем по прележан ковид – 19.