Само три месеци од почетокот на вакцинирањето против коронавирусот во САД, секој четврти граѓанин на оваа земја веќе примил најмалку една доза на вакцина, а вчера бројката на „потрошени“ вакцини надмина 100 милиони.

Во Соединетите Американски Држави досега се одобрени три вакцини – Фајзер, Модерна и вакцината на Џонсон и Џонсон.

Досега се искористени 101.128.005 дози на овие вакцини според податоците на американската агенција за јавно здравство и тоа се околу 30% од вкупното вакцинирање во целиот свет.

Дневно во Соединетите Американски Држави се трошат по две милиони вакцини, што е импресивен резултат.

Соединетите Американски Држави бројат околу 330 милиони жители, од кои возрасни се 258 милиони жители. Вакцината единствено не ја примаат децата. Според Белата куќа, во складиштата за целосно вакцинирање би требало да има доволно вакцини до крајот на мај.