Претседателката на Општинската организација СДСМ Велес, Даница Чадиева, реагира на, како што вели, „манипулациите од градоначалникот на Велес“, Марко Колев и на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски.

„Секој ден нова лага. Купи ден, продај: Се фалат со проект а не спомнуваат дека средствата се од Македонија пат; Си поигруваат политика за водоводот во Сопот и со дедо Борис и баба Тодорка на 87 и 93 години се обидува да ќари евтини политички поени“, вели Чадиева во изјава за Фронтлајн.

Таа истакнува дека во Велес веќе година и половина се борат со лажните вести пласирани од највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ Велес.

„Најактуелно овие денови е објавата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски, за водоводот во Сопот каде тој го преставува како проект на ВМРО-ДПМНЕ. Она што е најдискутабилно, е што кога проектот се обезбеди во 2021 година, кога СДСМ беа на власт, советничката група на ДПМНЕ не даде ни подршка со глас, па само советниците на СДСМ гласаа за овој проект. Да си поигруваш политика со дедо Борис и баба Тодорка на 87 и 93 години и да правиш ефтини поени со лаги е испод секое ниво“, реагира Чадиева.

Снимка од екран на објавата на Фејсбук од Игор Здравковски

Во објава на Фејсбук од август 2921 година, ОО СДСМ Велес реагирале на недавањето поддршка на советниците од ВМРО-ДПМНЕ за водоводот во Сопот.

Во изјавата, Чадиева дава пример и како градоначалникот на Велес од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марко Колев, се фали со проект а не спомнува дека средствата се од Македонија пат и со тоа ги доведува во заблуда велешани.

„Не помина ни еден ден од објавата на Здравковски, овој пат градоначалникот на општина Велес Марко Колев, пласираше вест како регионалниот пат на влезот се реконструира и како тој продолжува со исто темпо. Срамно е што никаде не спомнува дека средствата се од Македонија пат и со тоа ги става во заблуда Велешани“, вели Чадиева.

Снимка од екран од Фејсбук профилот на градоначалникот на Велес, Марко Колев

Таа вели дека државата продолжува со инвестиции во Велес и нагласува „премногу сме задоволни од владината поддршка и Министерството за транспорт и врски кое одобри средства за реконструкција на повеќе улици во Велес.

Бочварски со градоначалникот Колев. Потпишување на меморандум за рехабилитација на улици во Велес. Објава на Фејсбук од министерот за Транспорт и врски Благој Бочварски

„Секоја лага на ДПМНЕ ќе ја демантирам и обелоденам со докази. Доста ми е од лажење и манипулација со моите велешани“, во изјавата за Фронтлајн, потенцира претседателката на ОО СДСМ Велес, Даница Чадиева.

Таа им порачува на Колев и Здравковски наместо да се служат со манипулации, да се сконцентрираат на отварање на нови работни места и на тоа каде одат парите од општинскиот буџет на Велес.

Превземено од Фронтлине.мк