Вардар нема да игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата во Задар поради еден позитивен ракометар на ковид-19. Здравствените власти на Република Хрватска спроведоа тест за ковид-19 во тимот на РК Вардар 1961 во вторникот, на 31 август, и резултатите покажаа дека има еден позитивен еден член на тимот.
„По разговорите, извршниот комитет ги провери документите, препораките и се согласи дека не треба да се ризикува со здравјето на останатите учесници. Донесена е одлука да биде исклучен Вардар од Ф4-турнирот во СЕХА. Поради тоа што ППД Загреб играше против македонскиот тим во четвртфиналето и тој беше најдобро пласиран тим во регуларниот дел на сезоната, извршниот комитет реши хрватскиот тим да настапи на завршниот турнир во СЕХА“, соопштија од регионалното натпреварување.
Проблемот е тоа што сите ракометари на Вардар направиле тестови пред мечот против Загреб.