7-годишниот Македон Димитриевски од Тетово има коефициент на интелигенција е 134, што го става во кош со деца генијалци. Говори неколку јазици како германски, арапски, кинески и англиски, пренесува ТВ21.
Неодамна освои златен медал на светско ниво на натпревар по математика кој броеше околу 4.000 натпреварувачи. Иако е второ одделение, тој решава задачи наменети за средно образование.
Сега, посебен интерес покажува за географија.
Македон не сака да си игра со играчки, а најчесто е во друштво на книги и тетратки. Обемното знаење го стекнал преку интернет. Неговите родители велат дека тој поставува илјада прашања на кои тие честопати не го знаат одговорот.