На денешниот состанок со кој ќе раководи високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел министрите за надворешни работи ќе бидат брифирани за тековните работи и ќе разгледаат голем број неодамнешни прашања и претстојните настани, вклучувајќи ја и ситуацијата во Мјанмар по што треба да бидат усвоени заклучоци. Борел го осуди насилството на властите врз демонстрантите во Мјанмар и навести дека ЕУ „ќе донесе соодветни одлуки“.
„Ги повикувам армијата и безбедносните сили веднаш да го запрат насилството врз цивилите“, рече тој. Друг висок претставник на ЕУ најави дека министрите ќе решаваат за санкции против воените претставници на Мјанмар.
– Advertisement –