Чај и прошетка низ Скопската чаршија. Граѓани го запираат да го поздрават. Многу луѓе зад себе, што наликуваат на сцени од турските серии.

Вака минувал Седат Пекер во Скопје, на почетокот од 2020. Тој е еден од личностите кои добиле фалсификувани пасоши со лажен идентитет на Џадин Амедовски.

Пред властите од земјава да го екстрадираат во Турција како персона нон грата за други дела за кои е баран. Во Скопје Пекер го придружувал пратеникот на партијата Движење на Турците, Енес Ибрахим, партнер на коалицијата на премиерот Зоран Заев.

Од здравствени причини, Ибрахим рече дека не може да зборува пред камера, но прифати да напише за пријателот кој добро го пречекал.

„Пекер ни е стар пријател, додека престојуваше во Македонија, имаше средби со бизнисмени, инвеститори, уметници, политичари, тоа не е нешто тајно. Имаше средба и со албански политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, како и со градоначалниците. Имаше средби и со дипломати. Според моите информации, за г-дин Пекер нема потерница или меѓународна потерница и често патува низ разни држави и во регионот и надвор од регионот.“, рече Ибрахим.

Што се однесува до пасошот, Ибрахим вели дека не знае и не верува дека Пекер би имал потреба од таков пасош. Ниту причината за депортирањето вели дека не ја знае.

На прашањето дали Зоран Заев се сретнал некогаш со Пекер, пратеникот Ибрахим за ТВ21 рече колку што знае тој, не се сретнале. Додава дека се сретнал само со тие имиња за кои се зборува и има фотографии во јавноста, но не и со други од СДСМ.

Зоран Заев е информиран за средбите, но вели дека никој не може да знае дали некој е осомничен за нешто и дали има позадина за давање нелегални пасоши, затоа премиерот не гледа никаква вина за ова.

На социјалните мрежи веќе подолго време кружат фотографии на Пекер со претседателот на Бошњачкиот сојуз, Мунир Колашинац, политички партнер на премиерот, како и со градоначалникот на Маврово-Ростуше од редовите на СДСМ, Медат Куртовски.

Заев вели дека ако некој со лажен пасош се обидел да флертува со функционери за да се спаси од акцијата, тогаш тоа не може да се дозволи, апелирајќи дека тоа не треба да се повтори, туку да се казни.

Но, од друга страна, пак, опозициската ВМРО-ДПМНЕ презентираше нови документи, кои, како што вели, им ги обезбедил нивниот свиркач. Прашуваат дали македонски пасош поседувал и Валид Иса Хмаис, еден од соработниците на италијанската мафија?

Мисајловски вели дека едно е сигурно – дека мафијата и Владата биле едно, додавајќи дека мора да има одговорност. Премиерот Заев денеска рече дека не може да се обвинуваат тој и министерот за внатрешни работи за тоа што извршиле успешна акција.

„Кога некој открива криминал, треба да се награди, а не се одговара“, рече тој и додаде дека за време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ се направени најголемите фалсификувања на документи.