На списокот на лица кои издржуваат затворска казна се најдоа имињата на 48 затвореници. За нив, министерот за правда Бојан Маричиќ ќе побара од претседателот Стево Пендаровски целосно или делумно помилување.
Листата ексклузивно ја обезбеди Алсат, а меѓу останатите, како што наведува медиумот се имињата на Сеад Кочан, Бобан Илиќ, како и Александар Василевски осуден зa тероризам за крвавите настани во Собранието на 27 април 2017 година.
-За 45 од нив се бара делумно помилување, додека за три целосно помилување, пишува Алсат.