Се зголемува бројот на работници од странство кои доаѓаат на работа во Северна Македонија, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.
Најголем дел на работнитиците кои доаѓаат да работат во земјава се општи работници со средно и со основно образование.
Во 2021 година издадени се вкупно 4.548 дозволи за работа на странци. Од почетокот на 2022 година издадени се 2.267 дозволи за работа на странци во Северна Македонија. Речиси 50% се од Туркије!