Три милиони луѓе се погодени од големите поплави во провинцијата Хенан во централна Кина, а 33 загинаа. Во Женгжоу за три дена наврнаа количини дожд, колку за една година. Водата ги преплави патиштата, тунелите и метрото. Дождовите продолжуваат и денес, отежнувајќи ги операциите за спасување Снимките од Женгжу покажуваат луѓе заробени во возовите на подземната железница, каде водата е над еден метар. Стотици од нив беа извлечени од спасувачките екипи. Ова е вообичаен период на дождови во Кина каде секоја година се случуваат поплави. Но, кинеските научници велат дека причина за интензивните дождови годинава е глобалното затоплување.

Advertisements

Прикажи повеќе