Триесет лица, од кои пет неподвижни се евакуирани од домот за стари лица што се запали во селото Чемерско, Кавадарци.

Според првичните информации прво се запалил оџакот, а од него кровот на домот.

Сите 30 станари во домор се живи и безбедно извлечени од објектот што бил зафатен од пожарот и ќе бидат сместени во општата болница во Кавадарци, соопшти Центарот за управување со кризи.

Пожарот го гаснеа 10 пожарникари со 3 противпожарни возила.  На терен има уште 3 медицински тима и 2 полициски коли со 8 полицајци.

Текстот Се запалил оџакот, а од него и кровот во Домот за стари лица во Квадарци, евакуирани сите станари, од кои пет биле неподвижни е превземен од МАКФАКС.