Стотина луѓе се спасени од траект кој се запали утрово за време на пловидба меѓу Грција и Италија, јави грчката крајбрежна стража. Грчката крајбрежна стража соопшти и дека најголем дел од 237 патници и 51 член на екипажот кои пловеле со траектот „Јурофери Олимпија“ под италијанско знаме биле сместени во помошни бродови. Властите, пак, порачаа дека во инцидентот не се забележани смртни случаи, ниту патници со потешки повреди. Само едно лице е префрлено во болница поради проблеми си дишење.