Пожар избувнал во глисер укотвен во водите на езерото, на плажите помеѓу населбата и автокампот „Елешец“, на околу 30 метри од брегот.

За среќа, во инцидентот нема повредени лица. Во гаснењето на огнените јазици интервенирале екипите на Територијалната противпожарна единица Охрид, заедно со припадници на езерската полиција, кои брзо реагирале за да спречат поголема катастрофа.

Според полициските информации, глисерот бил регистриран и во сопственост на 64-годишниот З.Д. од Тетово. Пожарот предизвикал сериозни оштетувања на коритото, поради што пловилото потонало на длабочина од околу три метри. Покрај тоа, огнот оштетил и два други глисери кои биле укотвени во близина.

Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати, а истрагата за утврдување на околностите е во тек./Макфакс

Текстот Се запали глисер во Охридско Езеро е превземен од МАКФАКС.