Претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртела по што дошло до истекување на нафта и палење на истата, соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
„ТППЕ Гевгелија брзо стигна на местото на несреќата и со специјална пена го изгаси огнот кој предизвика силнен црн чад и во овој момент имаат целосна контрола. Истекувањето на нафтата продолжува понатаму, опасноста од појава на нов оган е сведена на минимум“, информира тој.
Појасни дека патот Гевгелија-Богданци е затворен за сообраќај.
Текстот Се запали цистерна која превезувала нафта на патот Гевгелија – Богданци: излетала од патот е превземен од МАКФАКС.