Овој едноставен трик ќе ви биде од голема корист во периодите кога одите на пат…
Со цел по враќањето од патувањето во домот да не ве затекне непријатен мирис од садоперот и другите одводи, пред да заминете на пат сипете малку сончогледово масло во секој одвод.
Кога ја користите водата секој ден, таа во цревата стои како брана и ги спречува непријатните мириси да се шират. Меѓутоа, доколку не се користат славините, водата која останала во одводот со тек на време испарува и се празни и од садоперот или лавабото се чувствува силен мирис на канализација.
Советот од водоинсталатерите е следниот – пред заминувањето на пат, во секој одвод сипете по малку масло, и со тоа ќе бидете сигурни дека кога ќе се вратите од пат во вашиот дом нема да ве пречекаат непријатни мириси.
Маслото нема да испари како водата, а воедно ќе послужи како „вештачка брана“ вашиот одвод да е влажен и преку него да не можат да се враќаат непријатните мириси. Пробајте и ќе ни бидете благодарни!