Животот понекогаш режира приказни на кои им се восхитуваме од ден на ден, особено оние што имаат врски со спортот.

Еден таков ни доаѓа од Мелбурн од Австралија опен.

Австралискиот тенисер Танаси Кокинакис имаше 15 тешки месеци зад себе. Тој беше надвор од теренот поради мононуклеоза, изгуби спонзори, остана без натпревари и се чинеше дека заврши неговата спортска кариера, а потоа пристигна вајлд-карта за учество на Австралија опен

Кокинакис влезе во ждрепката како 267. рекет во светот, а во првото коло го совлада 97. играч во светот Квон Сонву со 3:0 (6:4, 6:1, 6:1). Во второто коло го чека меч со Циципас.

На почетокот на текстот споменавме дека Кокинакис остана без спонзор, а за мечот од првото коло купи маица во најблиската продавница и плати шест долари.

„Се чувствувам прекрасно, ова е неверојатен момент“, рече Кокинакис по мечот.

Пред една година тенисот беше само убаво сеќавање и сега режираше една убава спортска приказна во неговата Австралија.

loading…