Прпиадници на полицијата, армијата, нуркачи, кајакари се во интензивна потрага по 16-годишното девојче од селото Уланици, Градско, кое вчера беше одвлечено додека се капело во водите на Вардар.
Девојчето влегло во водата заедно со 29-годишна девојка од истото село, којашто успеала да се спаси. На малолетното девојче му се изгубило секаква трага, а помош побарала неговата сестра. Денес и семејството на девојчето ја следеше потрагата, која засега е безуспешна, според информациите од терен за „Макфакс“.
Од полицијата велат дека случајот бил пријавен вчера околу 16.30 часот. Според пријавата, К.П.(29) од Скопје, со привремен престој во селото Уланци, општина Градско и 16-годишно девојче од истото село, се капеле во водите на реката Вардар во близина на Уланци. Малолетничката била одвлечена по течението на реката. К.П. неколку пати се обидела да ја извлече, но не успеала./Maкфакс
Текстот Се’ уште се трага по девојчето кое го одвлече Вардар – 29-годишната соселанка се обидувла да го извлече од водата е превземен од МАКФАКС.