Сè уште не се избрани економските советници со кои Министерството за надворешни работи најави ревитализација на економската дипломатија оваа пролет. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, потврди дека огласот е повторно објавен, што го најави од 17 февруари, но сепак не даде рок кога ќе се изврши изборот. Османи рече дека е додаден нов критериум. Опозицијата веќе изрази сомневање дека проектот ќе успее. 33-те економски промотори кои беа ангажирани од 2008 до 2017 година чинеа 1,2 милиони евра, а резултатите беа занемарливи.
„Огласот за економски советници е објавен во рамките на пилот- проектот за нивно испраќање до некои центри, кои се важни за креирање на овие економски односи. Верувам дека овој пат огласот ќе биде успешен и ќе имаме луѓе кои ќе се соочат со задачите наметнати од овој процес. Но, има нов момент, испратив инструкција до сите наши амбасадори со нови критериуми, кои треба да ги исполнат, во рамките на економската дипломатија“, рече Бујар Османи- министер за надворешни работи.
– Advertisement –