Од Колумбија ни пристигнуваат страшни сцени. Во градот Толима се урна трибината за време на натпреварот во борби со бикови. Според локалните медиуми, најмалку пет лица загинале, а околу 320 се повредени. Некои имаат посериозни повреди опасни по живот и се хоспитализирани во блиската болница.
Колумбиските медиуми јавуваат дека тамошната спасувачка служба е во неволја бидејќи неколку тела се под урнатините и во тек е спасувачка операција.
„Сè уште има луѓе под урнатините, не знаеме колку. Ова е една од најголемите трагедии во нашиот град и држава, сè уште сме сите во шок“, изјави Фернандо Велез, директор на Цивилната одбрана во Толима.
Градоначалникот на Толима, Рикардо Орозко, рече дека ќе стори сé што може за да им помогне на семејствата на жртвите, а исто така ќе го вклучи врвот на државата во акциите за помош.
Покрај фудбалските натпревари, борбите со бикови се најгледаните настани во Колумбија кога станува збор за посети на стадиони и арени, а државата ќе прогласи ден на жалост на денот на погребот на жртвите.