Престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост. Овој заклучок го донесе Владата на последната редовна седница со прифаќањето на предлозите на на Комисијата за заразни болести.

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека до тоа спроведувањето и почитувањето на општите и посебни мерки и протоколи за заштита од Ковид 19 во предучилишните установи престануваат да важат. Повеќе детали околу тоа како ќе се врати работата на градинките во „нормала“ не беа објавени.

Според старите правила, воспитувачките и негувателките беа задолжени да носат постојано маски и при влез на децата им се мереше температира. Дополнително бројот на деца во една група беше ограничен на максимални 25 деца во група и приемот на деца беше организиран во рамки на половина час од прием на една до прием на друга група.