Осумдесет општини во земјата во 2019 година трошеле околу 3.5 милион евра на исплата на надоместоците на 1.319 членови на советите открива Центарот за граѓански комуникации.
Најскапи се советниците на Град Скопје за кои општината потрошила 214.000 евра, а по над 100 илјади евра годишно на советниците трошат и градовите Куманово, Тетово, Битола и Гостивар.
Најплатени се советниците од Кичево, кои добиваат 18.102 денари по седница, а најмалку платени се советниците во Вевчани по 4.855 денари. Советниците во Град Скопје земаат месечно највисоки паушали, всушност добиваат по 10.789 денари по седница.
Според анализата кај 15 општини се исплатуваат надоместоци повисоки и од законскиот максимум.
„Износот на парите не е најстрашното тука, зошто се платени за тоа за што се избрани, но нивната одговорност и влијание се многу поголеми, зошто општинските советници имаат големо влијание. Сите овие што ги гледаме, Охрид, Унеско, мораториум во центар, Карпош, тие општински осветници ги изгласале тие планови. Тие имаат голема моќ.“, вели Герман Филков од ЦГК за ТВ24.