Неодолива мешавина од кокос и стопено чоколадо ќе ги освои сите гурмани, а освен што ќе се изеде со голема брзина, потребни ви се само 20 минути за овој десерт

СОСТОЈКИ:

200 мл јогурт
2 дл млеко
200 мл масло
200 гр кокос
1 ванилин шеќер
200 гр шеќер
200 гр брашно
1 лажичка прашок за пециво
100 гр чоколадо за готвење

Глазура:

100 гр чоколадо за готвење
3 лажички масло

ПОДГОТОВКА:

Ставете го млекото во голема чинија, додадете шеќер и оставете да отстои. Во меѓувреме, во друг сад измешајте ги сите други состојки: јогурт, масло, кокос, ванилин шеќер, брашно и прашок за пециво.

Кога ќе добиете хомогена смеса, додадете ја мешавината од млеко и шеќер. Потоа садот за печење намачкајте го со масло и поросете го со брашно, па истурете ја подготвената смеса во него и прелијте ја со растопена чоколада. Ставете ја смесата во рерна загреана на 180 степени.

По околу 30 минути, извадете ја тортата од рерната и подгответе ја глазурата. Глазурата ја подготвувате со топење на чоколадото и маслото на пареа и истурање врз тортата. Оставете ја тортата да се излади додека не се стврдне глазурата, потоа исечете и сервирајте.