Министерот за надворешни работи, Бујар Османи потврди дека бугарската влада вчера на специјалниот пратеник Владо Бучковски, му доставила акциски план за соработка со Македонија, кој ќе помогне да се спроведе договорот за пријателство и добрососедство.
Османи за Телма изјавил дека документот е одговор на Бугарија на нивниот акциски план, кој може да помогне за надминување на проблемите меѓу двете држави.
Тој смета дека историјата нема да се користи како процес на ревизија на идентитетот, туку за образование и надминување на стеротипите кои постојат во општеството.
Според него овој пристап во последните 4 месеци има одреден напредок во официјалната комуникација меѓу двете држави.