Фото Радио Пела
Повеќе од 20 лица се повредени во судир на два автобуса утрово во 06.00 часот во прилепската населба Точила. Повредените веднаш се упатени на лекарски преглед во Болницата во Прилеп.
„Се прават испитувања во неколку одделенија во болницата. Според првични информации станува збор за полесни телесни повреди и најверојатно никој нема да биде задржан на понатамошно лекување“, изјави Кети Смилеска, директор на прилепската Болница, пренесува Радио Пела.
Според информациите на прилепското Основно јавно обвинителство, едниот автобус бил без патници, а другиот кој се удрил во бандера бил полн со работнички кои требало да ја започнат првата смена во текстилна фабрика.