Министерството за правда го подготвува новиот закон за помилување. На денешната средба на работната група беше речено дека со новите законски одредби сите осудени лица и нивните блиски ќе можат да поведат постапка за помилување само преку молба зашто ќе нема да може преку практиката по службена должност.

Дополнително, нема да има повеќе амнестија за кривично гонење, ниту за лицата на кои им се суди, туку само за оние кои имаат правосилна пресуда. Помилувањето е една од основните уставни овластувања на претседателот на државата.