Од денес до четврток, граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ ќе собираат потписи за да се прифати иницијативата за распишување референдум за дигиталните учебници.
Според информацијата од Иницијативата, собирањето на потписите ќе се организира во подрачно одделние во Центар (за општините Центар и Аеродром) во Скопје, и во подрачното одделние на ДИК во Битола за општините Битола, Новаци и Могила.
Од иницијативата закажаа за вo среда протести во целата држава. Тие се спротивставуваат на предлогот на Министерството за образование и наука за реформи во образованието, во делот на дигитализацијата на учебниците.
Од друга страна, од МОН велат дека правото на покренување на иницијатива за референдум е легитимно, затоа што е уставно загарантирано. Но сепак, причината поради која се користи ова право, не е оправдана, апсурдно е на референдум да се блокира напредокот и дигитализацијата со која се осовременува образованието.
-Промените мора да се случат. Новините се предизвик за сите, но од нив не треба да се откажуваме, туку напротив заедно и транспарентно да продолжиме да работиме на нивно интегрирање во системот, велат од МОН.