Голема нафтена дамка пристигна доцна синоќа од океанот до брегот на Калифорнија, носејќи мртви риби и птици, соопштија локалните и федералните власти.

Advertisements

„Околу 126.000 галони нафта се претворија во леплив слој од околу 20 квадратни километри откако за првпат беше забележан во саботата наутро“, рече Катрина Фоли од администрацијата на округот Оринџ.

„Штетата врз животната средина е неповратна“, рече таа во соопштението.

Таа додаде дека излевањето е предизвикано од пукнатина во бушотината за вадење нафта и оти дамката се протега од пристаниште во Хантингтон Бич до Њупорт Бич, дел од калифорнискиот брег популарен кај сурферите.

Фоли рече дека нафтата влегла и во Талберт Марш, голем еколошки резерват и таму предизвикала „значителна штета“.

Официјалните лица изјавија дека веќе се испорачани бариери за да се спречи нафтата да навлезе во еколошките резерви на мочуриштата Болса Чика и Хантингтон Бич.

Прикажи повеќе