На само 11 години, Хејли Џоел Осмент ја воодушеви публиката ширум светот со улогата во култниот филм „The Sixth Sense“ со Брус Вилис.

Во 1999 година, тој ја одигра улогата на момчето кое гледа духови, па дури доби и една номинација за Оскар. Иако сите му предвидуваа брилијантна кариера, тоа сепак не се случи.

Во 2001 година тој глумеше во филмот „A.I. Artificial Intelligence“, но потоа целосно исчезна од филмската индустрија.

Instagram
Instagram

Јавноста повторно слушна за него во 2016 година, но не поради неговата глума. Имено, актерот предизвика сериозна сообраќајна несреќа поради што беше осуден на три години условна казна и 60 часа одвикнување на зависности.

Тој успеа да го намине ова и за кратко се врати на актерството. Во 2020 година се појави во трилерот „Bad Therapy“, а неодамна најави дека работи на нов проект, но не се знае за што станува збор.

Но, минатата година Хејли повторно ја воодушеви публиката појавувајќи се во популарната серија „The Boys“. Дали знаете како изгледа сега и дали го препознавте во оваа серија со суперхерои?

Но, сепак, со неговата улога во култната пародија за суперхерои „The Boys“ оправда сè! Во оваа серија го толкуваше херојот по име Месмер. Овој херој е на некој начин пародија на раната кариера на Хели и оваа идеја навистина го воодушевила.

Месмер е видовит суперхерој, кој станал светски позната ѕвезда како дете, благодарение на една ТВ серија. Неговата моќ е да чита умови и да ја предвидува иднината. Слично на моќта што ја имаше актерот во филмот „The Sixth Sense“. Кога главните ликови ќе го запознат сфаќаат дека тој живее на „стара слава“ и запознавање со обожаватели.