Се сеќавате ли на Ранду од познатата латиноамериканска теленовела „Касандра“?
Овој лик го глумеше познатиот венецуелки уметник Хенри Сото.
Денеска, три децении по емитувањето на првата епизода на „Касандра“ (8. октомври 1992 година) во ексклузивното интервју за „Среќна република“, познатиот актер открива дека во реалниот живот не постои сличност помеѓу него и грубиот Ранду.
Според Сото, две работи би можеле да ги поврзат двата лика, верувањето во вистинска љубов и огромната поврзаност со коњите.
Познатиот Венецуелец сè уште гаи љубов спрема филмот и театарот, каде и понатаму настапува, па пред неколку недели премиерно била изведена претставата „Божиќна песна“ од Чарлс Дикенс, во која играл и тој.
Иако е на прагот на седмата деценија, сепак актерот изгледа одлично, а за сето тоа, нагласува, виновен е неговиот динамичен живот исполнет со дружење со семејството, вежбање и прошетки по плажа.
Во продолжение погледнете како изгледа денес: