Во многу брачни ситуации, секогаш се издвојува специфичната врска помеѓу зетот и мајката сопругата, а на таа тема познато е дека има илјадници шеги. Ретко кој може да предвиди дека може да се развие толку голема љубов помеѓу тештата и зетот.
Една таква ретка ситуација се случила во Русија, каде што една жена се омажила за нејзиниот поранешен зет, откако нејзината ќерка го напуштила.
Имено, 76-годишната Галина Жуковскаја, по нејзиниот несреќен брак, ја пронашла љубовта на својот живот во осмата деценија. Но тоа воопшто не би било чудно, доколку нејзиниот избраник претходно не бил во брак со нејзината ќерка.
Вјачеслав Жуковски издржувал затворска казна за убиство кога ја запознал својата поранешна сопруга Елена, со која се оженил додека бил во затвор. Сепак, бракот не потрајал и таа го оставила веднаш откако тој излегол од затвор. По нивната разделба, Вјачеслав пронашол утеха во неговата поранешна тешта Галина, која го поддржувала во моментите кога му било најтешко, и со текот на времето меѓу нив се родила љубов.
Откако овој случај пред неколку години одекна во Русија, Галина и Вјачеслав биле повикани да гостуваат на една руска телевизија, каде зборувале за нивниот брак и животот воопшто.
Галина претходно во неколку емисии изјавила дека нејзината ќерка се противи на нивната љубов и прави сè за да стави крај на тој брак.
„Елена ми љубомори, а му љубомори и на Вјачеслав. Не може да се помири со фактот дека се сакаме и сме во брак. Никој не ѝ е крив, таа го остави. Да беше со него во брак откако излезе од затвор, можеби немаше да се случи она што се случи меѓу нас двајцата. Таа веројатно најмногу би сакала да бидам сама“, изјавила Галина.
И таа и нејзиниот 23 години помлад сопруг, додаваат дека многу се сакаат и дека нивната врска, се заснова љубов, разбирање и меѓусебна почит. Пред неколку години тие изјавија дека би сакале да станат родители, но во меѓувреме се откажале од таа идеја, пренесува „1tv.ru“.