Три лица загинаа, а пет се префрлени во болница откако се преврте комбе кај тунелот на автопатот Скопје-Велес.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена попладнево во 17.45 часот.  Констатирана е смрт кај три лица, а петмина се пренесени во болница за укажување помош.

На лице место се упатени полициски екипи и јавен обвинител.

Соораќајот е во прекин.