Едно лице загина, а 24 се повредени при превртување на автобус на автопатот Лесковац-Ниш. Несреќата се случила околу 5 часот утринава.
Еден од повредените патници е 13-годишно момче, кое во болница било примено со набиен стомак. Исто така, постар маж (69) се здобил со отворена скршеница на раката и скршеница на ребро. Операцијата е во тек.
Во Ургентниот центар на УКЦ Ниш има седум лица и две деца. Тие се стабилни, свесни и комуникативни. Дијагностиката е во тек. 15 повредени се пренесени и згрижени во Општата болница во Лесковац.
Водачот на патот починал на лице место.























