Родена е во Иконија, Мала Азија, од незнабожечки родители. Современичка е на апостолите. Значи живеела во првиот век по Христа.
Исто така, таа е една од првите што пострадаа за Христа, па црквата ја дала славата на првомачениците, што ја има.
Пострадала бегајќи од некои дрски момчиња кои биле наведени од лекарите и бајачите да ја осквернат оваа девственица по дух и тело. Црквата ја слави оваа девојка, богата со добродетели и како рамноапостолна.
Но нејзината биографија се вели дека откако долго се подвизуваше и се излечи самата себе си, ги лечеше и немоќните на другите, на тој начин проповедувајќи го Христа и многумина обрати во христијанството, што е во прв ред апостолска служба.