Црквата ги нарекува преподобни оние кои станаа толку слични на Христос пред се со нивната смиреност и љубов, што е тешко да се разликува нивната смиреност од врвната смиреност што ја покажа Христос во Евангелието.
Во црковнословенскиот јазик претставката пре- одговара на нашата нај-, а подобна значи слична. Таква најслична на Христос, беше и оваа Ефросинија, родум од Александрија.
Уште додека беше млада, го засака девствениот живот, се преоблече во машко одело и се пријави на игуменот на еден манастир, под името Измарагд.
После 38 години подвижнички живот, таа му се претстави на Господа и дури тогаш се откри дека одличниот Измарагд е, всушност, оваа блажена Ефросинија.