Се потврди фактот дека СДС и Филипче немаат кандидат за Скопје, откако претходно Ралев и уште еден познат скопски адвокат ги одбија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС, како што оценуваат од партијата на власт, тонат се подлабоко во својот бунар без дно, сите кандидати, како што велат, или им се претседатели на општински организации кои мораат да излезат и да изгубат во своите општини или пак поранешни кадри на Заев.
„Со ова дефинитивно се потврдува дека СДС немаат кадри, ниту пак некој сака да им се нафати да изгуби. Во Скопје ќе одат со кадар на Заев, поранешната министерка за животна средина Каја Шукова.
Истата Каја Шукова ќе им ветува на Скопјани чист воздух и чиста околина, а додека беше министерка за животна средина со прст не мрдна за подобрување на аерозагадувањето“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Шукова и останатите кандидати на СДС се прочитана приказна./Макфакс
Текстот Се потврди нашата теза дека СДС и Филипче немаат кандидат за Скопје, излегоа со кадар на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.