Турската глумица Мерјем Узерли, која ја памтиме по улогата на султанката Хурем во серијата „Сулејман Величенствениот“ вчера ја роди втората ќерка.
Со своите фанови на Инстаграм сподели фотографија од породилиштето и на својата нова наследничка ѝ упати емотивни зборови.
„Вчера. 8 јануари 2021 година. Најмила моја Лили Кои, Лара Јемима, тато и јас сме пресреќни што дојде во нашето семејство. Благословени сме и среќни што ни се придружи. Биди секогаш бескрајно заштитена.“
Мерјем веќе ја има ќеркичката Лара, која ја роди во 2014 година додека беше во врска со Кан Атеш, а сѐ уште не сака да открие кој е таткото на нејзината втора ќерка.