Се поизвесно е дека Серхио Рамос кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ.
Искусниот дефанзивец летово го напушти Реал Мадрид, во чиј дрес помина скоро две децении и освои се што можеше да се освои, но не најде заеднички јазик со управата на Мадрид за новиот договор, па реши да си замине.
Според сигурни извори блиски до играчот, Рамос отишол во потрага по дом во Париз, што е уште еден доказ дека тој дефинитивно ќе потпише за ПСЖ.
Парижаните летово успеаја да донесат добри играчи без обештетување. Тие успеаја да го убедат Вајналдум да ги избере пред Барса, потоа Донарума од Милан и на крај Рамос.
Спортскиот директор Леонардо може да биде горд на себе и на својот тим за сработеното летово.
Рамос ќе потпише двегодишен договор, а Реал беше подготвен да му понуди само едногодишен договор. Исто така, ПСЖ ќе ги исполни сите очекувања на Рамос во врска со финансиите.
Рамос беше заинтересиран за поранешниот клуб Севиља, потоа англиските клубови како Манчестер Јунајтед и Сити, но тој реши да се пресели во Париз.