На последниот конкурс за 600 полициски службеници пријавени се вкупно 2964 кандидати, од кои 2365 се мажи, а 599 жени.
Во Центарот за обука во Идризово веќе отпочна процесот на фазна селекција на пријавените кандидати за полициски службеници по последниот објавен конкурс од крајот на декември минатата година.
Оваа бројка што е далеку поголема од бројката од претходниот јавен оглас, кога имаше вкупно 2391 пријавен, а тоа според министерот Оливер Спасовски доволно говори како за евидентниот интерес кај младата популација за полициската професија така и своевидниот позитивен имиџ што министерство го има меѓу оваа категорија граѓани.