Модуларната болница за вакцинација се подготвува. Се очекува до среда да биде се подготвено, кога ќе започне вакцинацијата против Ковид 19. Први ќе се вакцинираат здравствените работници, а потоа старите лица над 70 години. Во текот на вчерашниот ден пристигна првата пратка на вакцини кои ги донираше Србија. Од вкупно ветени 8000 стигнаа нешто повеќе од 4000 илјади. До крајот на овој месец се очекува да пристигнат и 200.000 дози од кинеската „Синофарм“.
-Течат подготовките во Модуларната болница каде во среда започнува вакцинацијата на здравствените работници. Вакцинацијата ќе се одвива на пет вакцинални позиции, а во тимовите за имунизација има медицински сестри и лекари. Модуларната болница ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, вели министерот Венко Филипче.