Нов вирус зарази 35 лица во Кина, во провинциите Шандонг (источна Кина) и Хенан (средна Кина).

Тој се нарекува Лангија (Langya) вирус (LayV), од родот хенипавирус (henipavirus), и беше идентификуван во брисевите од грлото благодарение на метагеномската анализа, а потоа и на изолацијата на патогенот.

Оваа инфекција, како што покажа студијата спроведена од научници од Кина и Сингапур и објавена во New England Journal of Medicine, може да потекнува од животни и да предизвика симптоми како треска, замор, кашлица, но може да ја загрози и функцијата на црниот дроб и бубрезите.

Во моментов нема вакцина или третман за хенипавирус, единствената терапија е справување со компликациите.

Родот хенипавирус може да предизвика сериозни болести кај животните и луѓето: тие се класифицирани како вируси на ниво на биосигурност 4 со стапка на смртност која се движи помеѓу 40 и 75%, според податоците на Светската здравствена организација, стапка на смртност многу повисока од онаа на коронавирусот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.