Откако екс директорката на Клинички, Шкодране Дардишта, а сега член на УО на Македонски Телеком, се огласи на ФБ со статус дека се уште ги имаат чизмите на таванот и ќе ги соблечат белите патики, алудирајќи на незадоволството од можноста ДУИ да замине во опозиција, се огласи и Стојанче Ангелов. Како што вели тој разочаран е од ваквите изјави, но додава дека некои се уште не ги соблекле чизмите.

-Г-ѓо Шкодране Дардишта, вие можеби сѐ уште ги имате вашите стари чизми на таванот во старата куќа но ние, во нашите заеднички полициски станици и армиски касарни имаме нови гојзерици. Верувам дека некои од вас се’ уште ги кријат и своите стари пушки но ние, во нашата заедничка македонска Армија имаме современо оружје и воена техника. Можеби вие сте подготвени за час да ги извадите белите патики и да облечети чизми но некои од нас чизмите не ги соблекоа никогаш. Патем, вашите некогашни пријатели денес се и наши пријатели а нашата заедничка држава денес е членка на НАТО, пишува во дел од ФБ статусот на Стојанче Ангелов.

Екс директорка на Клинички од редовите на ДУИ: Не сме сираци, ние сме никнале во војна